Блинкен имаше телефонски разговори со Ји и Кулеба за ситуацијата во Северна Кореја и Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентон Блинкен доцна синоќа разговарал со државниот советник и министер за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, околу развојот на ситуацијата во Северна Кореја и руската агресија врз Украина. Претходно тој имал телефонски разговор и со украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба.

-Во разговорот со својот кинески колега, државниот секретар ја истакна потребата од зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска портпаролот Нед Прајс.

Во разговорот со украинскиот колега Блинкен „го нотираше брзиот одговор на одлуката на Русија да признае наводна независност на таканаречените републики во Источна Украина контролирани од руски управувана власт “.

Кулеба денеска е во официјана посета на Вашингтон каде ќе има средба со Блинкен на која тие ќе продолжат со дискусијата околу овие прашања, соопшти Прајс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски