Блинкен ги пофали украинските заложби за дипломатија во војната со Русија

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Димитро Кулеба, да се запознае со новонастанатата ситуација по нивната средба во Варшава, Полска, соопштија од Стејт департментот.

Портпаролот Нед Прајс изјави дека Блинкен ги истакнал напорите на САД да обезбеди за Украина потребната поддршка за одбрана од непровоцираната, неоправдана и брутална војна на Руската Федерација.

-Тој укажа на непоколебливата и цврста поддршка за Украина, и исто така ги пофали украинските заложби за дипломатија. Државниот секретар исто така нагласи дека САД, сојузниците и партнерите ќе продолжат да бараат одговорност од оние кои извршиле злосторства во Украина, изјави Прајс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он