Блер покренува приватна блискоисточна мисија

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изрази подготвеност да вложи нов напор за постигнување мир на Блискиот Исток.

Блер, кој до пред неколку месеци беше меѓународен пратеник за Блискиот Исток, денеска изјави дека како граѓанин покренува нова иницијатива за да го промовира израелско-палестинскиот мир.

Тој нагласи дека ќе му помогне искуството и мрежата контакти, кои ги воспоставил во текот на осумте години занимавање со блискостичната дипломатија.

Тој најави дека ќе ја промовира арапската мировна иницијатива од 2002 година, која нуди сеопфатен мир и нормализација на односите со Израел, доколку тој се повлече од сите окупирани територии.

Блер, исто така, истакна дека ќе работи на унапредување на палестинската економија.

– Има толку многу позитивни работи, кои можат да се случат во овој регион, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он