Блер демантира дека ќе биде пратеник на Трамп за Блискиот Исток

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер го отфрли како неточно тврдењето на весникот „Меил он Сандеј“ дека ќе биде именуван за специјален претставник на новиот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.

Весникот, кој важи за близок до владејачките британски конзервативци, објави дека Блер минатата недела во Белата куќа се сретнал со зетот на претседателот на САД, Џаред Кушнер.

Овој весник тврди дека на средбата се разговарало околу ангажирањето на поранешниот премиер на Велика Британија за претставник на американакиот претседател.

Канцеларијата на Блер во Лондон, меѓутоа, категорично ги отфрли ваквите тврдења на „Меил он Сандеј“ оквалификувајќи ги како „измислена приказна“.

Во службениот демант се вели дека Блер продолжува и натаму со својот ангажман за обезбедување мир во регионот, но сам преку својот приватен ангажман.

Во летото 2007 година откако Блер се повлече од Даунинг стрит 10 и целосно ја напушти британската политичка сцена беше именуван за специјален пратеник на меѓународната „четворка“ за Блискиот Исток што ја сочинуваат САД, ЕУ, ОН и Русија.

– Блер не прави терен за да биде претставник на Трамп за блискоисточниот регион, ниту пак воопшто имал какви било разговори за каков било друг ангажман со новиот претседател на САД, се вели во реакцијата на канцеларијата на поранешниот британски премиер.

Минатиот месец, Тони Блер покрена кампања за промена на мислењето на Британците околу Брегзит и напуштањето на ЕУ, по што уследи остра реакција од лондонските проториевски и антиевропски медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари