БКА: Можни се терористички напади во Германија

Од:

Федералната криминалистичка служба (БКА) на  Германија стравува од евентуални терористички напади, слични на тие во Париз, објави весникот „Велт“.

Во документот на БКА се наведува дека радикалните исламисти преку интернет ги поддржале терористичките напади во Франција и повикале на слични напади во Германија.

– Нападот врз париската редакција на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ може да биде оценет како појдовна точка за лицата склони кон насилство, кои живеат или претстојуваат во Германија, се посочува во документот.

БКА наведува и дека на интернет, меѓу кои и германските организации за заштита на муслиманите го поздравиле и оправдале нападот врз „Шарли ебдо“. Како пример се посочуваат твитовите на еден радикал кој на 7. и 8. јануари повикувал на терористички  напади во цела Европа, а како следна цел ја навел Германија.

Но, БКА истакнува и дека нема конкретни докази за планови за терористички напади во Германија. Исто така, предвидува и дека се можни реакции против муслиманите, какви што имаше во Франција.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад