Бизнисот со марихуана гледа со недоверба кон Трамп

Од:

ДПА – Хамбург

Американскиот пазар за легална марихуана процветува. За 2016 година е прикажан уште еден рекорден раст, но промената на раководството во Белата куќа буди недоверба. Колку е опасна администрацијата на Трамп за растечкиот сектор на марихуаната?

-Треба да се легализираат наркотиците за да се добие војната. Тоа го изјави пред 25 години сегашниот претседател Доналд Трамп посочувајќи дека колучот кон победата е намалување на заработувачката на шефовите на анркобизнисот.

Неколку децении подоцна легализацијата на марихуаната во САД беше огромен напредок, кој создаде пазар кој процвета и кој привлече инвеститори и претприемачи.

Само што и покрај претходните сфаќања на кралот на недвижните имоти секторото има причина да се плаши од него во квалитетите како американскиот претседател.

Повторно причината е неговиот министер за празвосудство, исклучително конзервативниот Џеф Сешнс, кој е заштитник на строгите мерки. Тој стави до знаење при сослушувањеето во Конгресот во 2015 година дека „добрите луѓе не пушат марихуана“.

Неговото мислење по ова прашање е решавачко, затоа што иако половина од американските држави да ја легалирираат марихуаната во извесна мера, најчесто за медициснки потреби, федералното законодавство сеуште ја забранува.

Индустријата за легална марихуана остварува огромен раст во последните години, кој до голема мера се должи на официјалната политика на администрацијата на претходниот претседател Барак Обама, а тоа е да остане настрана од било која федерална држава по ова прашање. Но Џеф Сешнс би можел да тргне и во друга насока.

При сослушувањето пред Сенатот за утврдување на неговото работно место тој не даде сигнали дали неговите планови ќе бидат поразлични од политиката на немешање на неговиот преходник.

И односот на Трамп изгледа исто се променил. Во својата предизборна кампања минатата година тој зборуваше за „реален проблем“ во Колорадо, каде легализацијата за користење на марихуаната за рекреативни цели стана уште една причина освен Националниот парк планините Сакалисти, државата да биде нарекувана „најдигната држава“.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спејсер, неодамна изјави дека очекува федералните власти што повеќе да ги споведуваат федералните закони за марихуаната.

И покрај несигурноста, расцветаната индустрија демонтсрира увереност.
-Мислам дека е малку веројатно администрацијата на Трамп сериозно да удри врз бизнисот со канабис, изјави за ДПА ТРој дејтон, раководител на Арквју груп, голема инвестициска компанија која се занимава со истражување на пазарот и која се фокусирала токму на овој сектор.

– Џеф Сешнс можеби има некои „неубави“ ставови, истакнува Дејтон, давајќи ги како пример зборовите на министерот дека марихуаната е „малку поненавлекувачка од хероинот“.

Но гуруто на бизнисот со канабисот не гледа опасност во иднина за сегашниот бум во секторот на марихуаната, делумно затоа што тој бизнис ја има поддршката од американците.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат можне високо ниво на поддршка за легалзирањето на марихуаната дури и меѓу избирачите на Трамп.

-Бизнисот со канабис носи работни места и даночни приходи. Едноставно не ми е јасно донесување дозволи за користење на државно ниво може да има смисол од полтичка гледна точка, подвлекува Дејтон. „Сепак, се е можно со оваа админстрација, така што постои ризик“, дополнува тој.

Инвеститорите во секторот изгледаат поисплашени од потезите на Трамп, како што се гледа од индексот Марихуана сток ексчејнџ (ЊЕЕД), кој од 2015 година го следи претставувањето на компаниите од сектоорот на канабисот кои се на берза. Иако минатата година индексот беше длабоко во зелената територија, во последните неколку месеци тој покажува знаци на стагнација.

Експертите сепак ги определуваат перспективите на секторот како добри, и покрај ризиците кои ги носи Трамп, со брз и стабилен раст на пазарот врз основа на процесот на легализација на канабисот во Калифорнија и во Канада.

Продажбата на „тревка“ сега е дел од еден производен сектор кој варира од марихуански електронски цигари до напитоци и слатки, од апшиња до масла до смирувачи стимуланси за апетит.

Меѓу инвеститорите во секторот има големи имиња, како раперот Снуп Дог, наследниците на реге ѕвездата Боб Марли, и добро познати инвеститори од Силиконската долина, вклучувајќи го и милијардерот Питер Тил. Продажбата на производи со легална марихуана во Северна Америка достигна 6,7 милијарди долари во 2016 година, според анализите на Арквју. Тоа е раст од 34 проценти на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ