Бизарно видео од Северна Кореја: Обама во пламен од нуклеарна експлозија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и американските војници, обвиткани се во пламен, во новиот антиамерикански видео клип, кој Северна Кореја денес го постави на интернет.

Во видео клипот за нуклеарната проба, која неодамна ја изврши Северна Кореја, вината се свалува на САД и нејзиното непријателско однесување, пренесува Скај њуз.

Видеото е поставено на сајтот Јутјуб, две недели по претходно поставениот клип на Северна Кореја, кој го прикажуваше Њујорк во пламен по нападот со проектил со нуклеарна боева глава.
Двата клипа на Јутјуб ги постави Уриминцокири, официјалниот сајт на Северна Кореја, за ширење на вести и пропаганда.

Оваа комунистичка земја под меѓународни санкции објави серија на видео клипови на корејски јазик, во кои се тврди дека Пјонгјанг бил принуден да ја изврши неодамнешната нуклеарна проба – поради непријателското однесување на САД.

Пробата беше извршена на 12 февруари и предизвика лавина на осуди во светот.

“Нашата нуклеарна проба на највисоко ниво е насочена против американскиот окупатор и таа е мерка на нуклеарно одвраќање за заштита на нашиот суверенитет”, вели еден од натписите во последниот видео клип.

Исто така се наведува дека “САД практично ја поттикнале Северна Кореја да го изврши нуклеарниот тест.”

Во видео клипот може да се види Обама како отпоздравува и се спрема да одржи говор до нацијата, додека во позадината пламти оган, се појако и појако.

Клип завршува со анимирана секвенца од детонацијата на атомската бомба во подземен бункер, што е проследена со пораката: “Сиот свет сега гледа – САД мора да одговорат веднаш.”

Претходното видео со Њујорк во пламен, мораше да биде повлечено, бидејќи беше откриено дека таа секвенца е украдена од видео играта Call of Duty.

САД настојуваат Советот за безбедност на ОН да наметне построги санкции за Северна Кореја поради нуклеарната проба, трета која ја изврши оваа изолирана земја во последните седум години.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД