Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

Од:

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман двапати телефонски го повикал американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи од него да нареди напади врз јеменската милитантна група Хути, која е поддржана од Иран.

Барањето за напад дошло откако силите на Хутите почнале да се приближуваат кон клучниот стратешки град Мока на брегот на Црвеното Море, соопштија денеска американски официјални лица.

Американски претставници за „Аксиос“ изјавиле дека Бин Салман првпат го повикал Трамп за да го информира за влошувањето на безбедносната ситуација, откако силите на Хутите продолжиле да напредуваат кон крајбрежниот град Мока, што ги принудило силите на Јемен поддржани од Саудиска Арабија да се повлечат.

Неколку часа подоцна, Бин Салман повторно телефонски го повикал Трамп и побарал од него да нареди американски напади врз Хутите.

Трамп го одбил барањето, но американски функционер изјавил дека администрацијата на Саудиска Арабија ќе ѝ обезбедува разузнавачки податоци за Хутите, како и информации неопходни за утврдување на цели за евентуални напади.

Функционерот додал дека околу 200 припадници на американската војска веќе се наоѓаат во Саудиска Арабија, каде што обезбедуваат поддршка што не вклучува директни борбени дејства.

Висок претставник на администрацијата на Трамп посочил дека приоритет на Вашингтон е да ги одржи отворени поморските патишта во Црвеното Море, додека борбата против Хутите им се остава на регионалните партнери.

„САД се фокусирани на заштита на своите клучни интереси на националната безбедност, како што е обезбедувањето слободна пловидба во Црвеното Море, а истовремено ги зајакнуваат нашите регионални партнери за тие да преземат водечка улога во справувањето со регионалните безбедносни предизвици“, изјавил функционерот.

Тој додал дека САД „се во постојан дијалог со Саудиска Арабија и Владата на Република Јемен во врска со регионалната стабилност“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Ројтерс: Иран им нареди на Хутите да ја нападнат Саудиска Арабија

Горан Наумовски

Ескалација во Ормутскиот теснец: Експлозии во Сирик, Минаб и Кешм

Горан Наумовски