Bилијам Xејг: И во борбата против тероризмот треба да се почитуваат правото и човековите права

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека Велика Британија во борбата против тероризмот, заедно со своите странски партнери, ќе настапува од позицијата на почитување на принципот за владеење на правото и на човековоте права.

Хејг на предавањето во угледниот лондоснки Инситут за безбедност РУСИ, рече дека ваквиот приод може да го олесни споделеувањето на безбедносни информации со други држави за терористичките закани и заговори.

Излагањето на шефот на британскиот Форин Офис, доаѓа по заложничката криза во рафернерија на гас во алжирдкиот дел од Сахара, во која беа убиени шестмина Британци, како и по се поголемата загриженост поради дејствувањето на мрежата на Ал Каеда во Северна Африка.

Хејг признава дека Велика Британија се наоѓа пред сериозната дилема како потесно да соработува во пресметката со тероризмот со странските земји во кои владеат страндарди по различни од британските. Според британскиот министер, во иднина официјален Лондон повеќе ќе инсистира на унапредувањето на полициските и безбедносните сили во странските земји, кога станува збор за владеењето на правото и почитувањето човековите права, посебно во центрите каде се чуваат лицата осомничени за тероризам.

Во минатото Велика Британија беше критикувана за соработка, околу размената на разузнавачки сознанија со партнерски земји каде не се задоволени стандардите што се задолжителни според британските прописи, па сега ќе мора да плаќа отштета затоа што странски земји вршиле повреда на човековите права.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он