„Билд“: Околу 270.000 Сиријци можат да ги донесат семејствата во Германија

Од:

Речиси 270.000 сириски бегалци во Германија имаат право да ги донесат своите семејства во земјата, се наведува во извештајот на германскиот таблоид „Билд“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според весникот во 2015 и во 2016 година во Германија за азил аплицирале над 430.000 бегалци од Сирија а над 267.000 од нив имаат законско право на обединување на семејството.

Според „Билд“ сумата од 23 милијарди евра што само во 2016 година германските власти ја потрошиле за бегалците може драматично да се зголеми доколку сите сириски азиланти го искористат правото во Германија да го донесат своето семејство (сопружник, деца, родители) што ќе значи уште најмалку еден милион нови имигранти во земјата.

Според крајно десничарската антиимигрантска партија АФД „целосно лудило“ е да се потрошат милијарди евра на семејно обединнување на сметка на германските даночни обврзници.

Ако се потврди информацијата на „Билд“ канцеларката Ангела Меркел ќе има нови потешкотии да ја убеди јавноста дека бегалската криза е навистина завршена и дека гермаснките даночни обврзници веќе нема да имаат сериозни трошоци за бегалците. Меркел во септември ќе се обиде да дојде до својот четврти мандат како шеф на германската влада.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он