Билансот на загинатите при превртување на брод со имигранти во Египет достигна 42 лица

Од:

Брод со африкански имигранти, кои тргнале кон Европа, се преврте во Средоземното Море во близина на египетскиот град Александрија, при што загинаа 42 лица, соопштија египетските власти.

Египетската армија инфромира дека бил спречен обид за префрлање нелегални имигранти. Бродот се наоѓал на 12 морски милји од брегот, кога потонал.

Близок на еден од имигрантите изјави дека египетските власти биле предупредени за потонатиот брод, но одговориле дека немаат спасувачки чамци и оти не презеле мерки, јави БТА.

Според египетски медиуми, бродот превезувал околу 600 имигранти. Тие биле од неколку африкански земји. Спасени се повеќе од 150 лица, но од водата се уште се вадат телата на загинатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите