Бил Гејтс: Следната година нè очекуваат „многу непријатни изненадувања“ во сајбер-просторот

Од:

Бил Гејтс предупреди дека човештвото веќе во 2027 година би можело да се соочи со „многу непријатни изненадувања“ во областа на сајбер-безбедноста поради брзиот развој на вештачката интелигенција.

Основачот на „Мајкрософт“ смета дека токму во сајбер-нападите најбрзо ќе се почувствуваат негативните последици од сè помоќните модели на вештачка интелигенција.

„Областа во која следната година ќе видиме најдрастични промени ќе бидат сајбер-нападите“, изјави Гејтс за CNN.

Тој објасни дека веќе постои бизнис-модел во кој напаѓачите ги уценуваат жртвите барајќи откуп или предизвикуваат нарушувања што би можеле да влијаат дури и врз берзите.

„Кога имате злонамерни луѓе, недостаток на ограничувања и најнови модели на вештачка интелигенција, токму во сајбер-просторот следната година ќе видиме многу непријатни изненадувања“, предупреди Гејтс.

Сепак, Гејтс не смета дека можноста вештачката интелигенција целосно да излезе од човечка контрола во моментов е најитниот проблем со кој се соочува човештвото.

Според него, ќе бидат потребни уште неколку години пред развојот на вештачката интелигенција да достигне ниво на кое би можел да има толку големо влијание врз светот.

Би можело да ве интересира

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција може да предизвика милијарда смртни случаи

А1он

„Поголемиот дел од општеството сè уште не е свесен за брзината со која се развива вештачката интелигенција“

Сајбер напад ги парализира европските аеродроми

Бил Гејтс отпадна од листата на 10-те најбогати Американци на Форбс

Горан Наумовски

Чешка: Сајбер заканата од Кина за Европа е еднаква на онаа од Русија

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура