Бил Гејтс: Оптимист сум дека ќе биде подобро за оние кои ќе се родат 20-40 години од сега

Од:

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна изјави дека е оптимист за иднината на човештвото и покрај многуте предизвици со кои се соочува. Тој е на мислење дека на секој човек што ќе се роди наредните неколку децении ќе му биде подобро отколку на родените во било кое време досега.

„Сè уште сум оптимист дека ќе биде подобро за оние кои ќе се родат 20-40 години од сега, 60 години од денес отколку во кое било време во минатото“, рече тој при неодамнешната посета на Институтот во Сиднеј.

Гејтс потсети дека постојат многу обесхрабрувачки трендови, како што се несоодветниот одговор на пандемијата на коронавирусот, неисполнувањето на целите во борбата против климатските промени и зголемувањето на политичките поделби во Соединетите Американски Држави.

Анкетата на Агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“ од октомври минатата година покажа дека 42 отсто од Американците веруваат дека младите ќе имаат подобар животен стандард од нивните родители. Тоа е за 19 отсто помалку отколку во 2019 година, кога беше спроведено истражување за истото прашање. Сепак, Гејтс, кој е ко-основач на „Мајкрософт“, верува дека песимистите не ја согледуваат целосната слика.

Тој укажа на напредокот во здравството, нагласувајќи дека глобалната стапка на смртност на децата до пет години е преполовена во последните две децении.

„Бројот иновации за подобрување на општата човечка состојба ќе продолжи да биде драматичен. Ќе ја третираме дебелината, ракот и ќе ја искорениме детската парализа“, нагласи тој.

Гејтс го пофали потенцијалот за евтина и ефикасна зелена енергија, како и технолошкиот напредок што овозможува образовните и здравствените системи да имаат глобално влијание. Тој рече дека работите се подобруваат.

„Погледнете ги работите и кажете: „Добро, каде бевме пред 300 години?“, рече тој, посочувајќи дека просечниот животен век значително се зголемил последните 300 години. Просечниот животен век во 1700 година бил 40 години, а во САД денес е 76,1 година.

„Без разлика дали сте биле крал или сиромашен, дали сте биле изложени на висока смртност на доенчиња и ниско ниво на писменост. Значи, иновациите со текот на времето се феноменална приказна“, заклучува мултимилијардерот.

Коментарите на Гејтс се слични на оние на американскиот милијардер Чарли Мангер. Смета дека сите луѓе треба да бидат посреќни и не разбира зошто не се задоволни со она што го имаат, особено споредбено со оние кои поминале низ тешки времиња во минатото.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бил Гејтс сака да го продлабочи партнерството со Јужна Кореја во областа на здравствената заштита

Бил Гејтс предвидува дека следната пандемија би можела да биде посмртоносна од ковидот

Катерина Ѓуровски

Бил Гејтс: Лудо е да се каже дека мојата улога во пандемијата на коронавирус е злокобна

Ана Ололовска

Бил Гејтс има корона

Бил Гејтс напиша книга за пандемијата

А1он

Бил Гејтс предупредува: Подгответе се за уште полошо

А1он