Ко-основачот на Мајкрософт и застапник за вакцинација Бил Гејтс напиша книга во која ги наведува „лекциите што можеме да ги научиме“ од пандемијата на вирусот Ковид-19.
Тој тврди дека со инвестирање во здравството, вакцините и „глобалниот надзор на патогените“ може да се спречи следната пандемија.
Гејтс ја објави книгата на својот блог во вторникот, а се очекува книгата да биде пуштена во продажба во мај. Книгата опишува „конкретни чекори што можеме да ги преземеме за да ги запреме идните пандемии и, во тој процес, да обезбедиме подобра здравствена заштита за целиот свет“.
Гејтс, исто така, вети дека ќе ги информира читателите за неговите „редовни разговори со експерти за јавно здравје како Ентони Фаучи и Тедрос Адана Гебрејесус“ и ќе ја објасни својата визија за „вакцините што можат да ја запрат плимата“.
Во својот блог пост, Гејтс рече дека неговата претстојна книга ќе објасни „како тој стана предмет на теории на заговор“.