Бил Гејтс ќе финансира експериментален нуклеарен реактор

Од:

Нов експериментален нуклеарен реактор ќе се гради во американската држава Ајдахо, со учество на компанијата чиј ко-основач е милијардерот Бил Гејтс.

Проектот, кој се проценува дека ќе чини 170 милиони долари, делумно ќе биде финансиран од нуклеарната компанија Терапауер на Гејтс, додека најголемиот дел од парите ќе бидат од Министерството за енергетика на САД.

Предводен од една од најголемите американски компании за гас и електрична енергија, Southern Company, проектот ќе се потпира и на технологијата на компанијата на бизнисменот, која работи на експериментални нуклеарни реактори, пишува „Раша тудеј“.

Се вели дека малиот брз реактор во Ајдахо е прв од ваков вид што користи стопен хлорид, се вели во соопштението на „Southern Company“. Покрај тоа, цел е да се истражува и развие извор на енергија без јаглерод кој работи на повисоки температури од традиционалните нуклеарни реактори.

Реакторот треба да биде пуштен во употреба за пет години, а наводно е наменет за потрошувачите во тешката индустрија, наместо да произведува електрична енергија за јавноста.

Претходно оваа година, TerraPower, основана во 2006 година, објави дека ќе ја изгради својата прва нуклеарна централа во Вајоминг. Објектот, со проценета цена од една милијарда долари, ќе има уникатен тип на реактор кој користи натриум како извор на енергија. Натриумовиот реактор првично беше планиран за изградба во Пекинг, но проектот никогаш не беше реализиран таму.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски