Бил Гејтс: Кафулињата и рестораните треба да се затворени во следните шест месеци

Од:

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, верува дека враќањето во нормала за САД е подалеку отколку што луѓето очекуваат и покрај вакцината за Ковид-19, која беше одобрена и дистрибуирана оваа недела.

Гејтс, кој донираше милиони за вакцинација преку неговите фондации, рече дека до летото 2021 година, САД треба да бидат „многу поблиску до нормалното отколку што сме сега“, но дека целосното враќање во нормала е веројатно можно само по 2022 година.

Милијардерот за Си-Ен-Ен изјави дека постои ризик од враќање на вирусот „ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од овие болести и ако стапките на вакцинација во САД не се високи“.

Гејтс смета дека треба да продолжат да се забрануваат големи јавни собири и рече дека „за жал, повеќето кафулиња и ресторани во земјата треба да бидат затворени за борба против стапката на инфекција“. Тој рече дека кафулињата и рестораните во САД треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци. Вистинското враќање во нормала, смета тој, е можно само по 12-18 месеци доколку се направи се што е потребно за борба против инфекцијата.

Изрази загриженост и за неподготвеноста на претседателот Доналд Трамп да ги признае претседателските избори, за кои тврди дека ја отежнува дистрибуцијата на вакцините.

„Трансферот на моќ го комплицира ова, но новата администрација е подготвена да се потпре на вистински експерти наместо да ги напаѓа тие експерти“, рече технолошкиот магнат.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Бил Гејтс: Оптимист сум дека ќе биде подобро за оние кои ќе се родат 20-40 години од сега

А1он

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Бил Гејтс сака да го продлабочи партнерството со Јужна Кореја во областа на здравствената заштита