Би-Би-Си укинува нови 415 работни места во информативната програма

Од:

Раководството на Би-Би-Си соопшти дека компанијата укинува нови 415 работни места во информативната програма на телевизијата и на радијата, во обид да се намалат се уште големите трошоци.

Директорот на информативната програма Џејмс Хардинг изјави дека ваквата мерка е неопходна за да се заштедат 800 милиони фунти, откако во 2010 година беше донесена одлука за „замрзнување“ на радио и телевизиската претплата.

Во информативниот сектор на британската јавна медиумска компанија, сега има 8.400 вработени, од кои пет илјади се новинари, стационирани во Лондон, низ територијата на Велика Британија и низ светот.

Околу 70 отсто од средствата, што годишно ги троши овој сектор се за покривање на платите и другите трошоци што при работењето ги прават новинарите.

Во 2012 година, во информативниот сектор веќе беа укинати 140 работни места, а минатата година уште други 75, што се додадени на укинувањето и реструктуирањето на цели редакции во телевизиката и посебно во радио програмата, што беше изведено во изминатите 4,5 години.

Одлуката за ново скратување кај новинарскиот и продукцискиот сектор во информативнот дел на Би-Би-Си ќе предизвика ново бранување во компанијата, каде за идната недела е закажан 12 часовен штрајк, поради несогласувањето на управата и на синдикатот околу платите на вработените.

Синдикатот бара зголемување на платите за новинарите и за техничкиот персонал тврдејќи дека нивните плати, на реално ниво, во изминатите пет години се намалени за 10 отсто.

Во исто време комапнијата премногу трошела за платите на менаџерите. Безмалку 80 отсто од членовите на синдикатот на новинарите и на техничарите, се согласија за полудневен штрајк, што би требало да се одржи на 23 јули.

До крајот на оваа недела е закажана последната средба меѓу синдикатите и управата, околу платите на вработените, па доколку не се постигне договор, штарјкот ќе се поклопи со отворањето на Комонвелт спортските игри во Глазгов.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он