Би-Би-Си размислува да се пресели во Брисел после Брегзит

Од:

Генералниот директор на британскиот канал Би-Би-Си разговарал со белгискиот премиер, Шарл Мишел, за можна преселба на таа престижна медиумска куќа во Белгија, јави дописничката на МИА во Брисел.

Информацијата за медиумите ја потврди премиерот Шарл Мишел. Тој на економскиот форум во Давос разговарал со генералниот директор на Би-Би-Си, Тони Хол, за таа опција.

-Белгија е често во најтесниот избор на дестинации за компаниите кои сакаат да се преселат во ЕУ после Брегзит, изјави Мишел.

Со повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, Би-Би-Си ќе мора да добие лиценца за да може да продолжи да емитува во Унијата, поради што медиумот е во потрага по европска земја во која би го сместила своето седиште. Другите опции се Ирска и Холандија, но Белгија со својот главен град како престолнина на ЕУ би бил „најлогичниот избор“, според извори запознати со тоа досие, објавуваат денеска медиумите.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот