Безвизното патување може да им овозможи на турските Курди да тргнат кон Шенген зоната

Од:

ДПА – Хамбург

Службеници во турската крајбрежна стража минатиот месец се изненадија кога најдоа Курди од југоистокот на земјата, кои тргнале на ризично патување по море кон грчките острови во потрага по азил во ЕУ.

Ако визите на турските граѓани кои влегуваат во 26-члената Шенген зона за слободно атување по Европа бидат укината кон крајот на јуни, како што е планирано, тие ќе можат да се спасат од проблемот и од големите трошоци.

Турските Курди тогаш ќе можат слободно да патуваат до повеќето земји во ЕУ и во делови во Германија каде има има голема курдска заедница која ќе ги дочека.

Билет во едне правец со авион од курдскиот град Дијарбекир за Берлин чини 200 лири (70 долари), цена која повеќето Турци можат лесно да си ја дозволат, а тоа е многу помалку од цената која ја бараат криумчарите со луѓе.

Договорот за визите е дел од договорот за бегалците, кој ќе стапи во сила кога Анкара ќе исполни 72 услови.

Над половината од тие услови т.е. повеќето од нив кои се однесуваат до пасошки процедури се исполнети, додека за останатите има надежи да бидат исполнети до крајот на мај.

Парадоксалната последица од овој договор е што ЕУ може да го запре напливот од бегалци од Сирија и Авганистан, само за да се соочи со илјадници Курди од Турција.

Во случај конфликтот меѓу турските сили за безбедност и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) на југоистокот да ексалира, бројот на бегалците може брзо да порасне.
– Луѓето ќе сакаат масовно да отидат на безбедно, вели Сељахадин Демирташ, претседател на курдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП). – И не само Курди, туку и Турци може да побегнат кон Европа, додава тој.

Во моментов оние кои аплицирале за Шенген виза, треба да можат да ги убедат соодветните власти дека ќе се вратат во Турција.

Ако барањето за визи биде укинато, патувањето за до 90 дена ќе биде решено, дури и без право за населување или за работа во просторот кој ги вклучува Норвешка и Швајцарија, кои не се во ЕУ, но ги исклучува Велика Британија и Ирска.

Многумина веројатно ќе бидат подготвени да си ја пробаат среќата ако отидат таму и работат на црно со поддршка од нивните сонародници, кои веќе живеат во земји како Германија.
Опонентите на турската Влада може да се обидат да избегаат од политичкиот притисок, ако емигрираат. Според податоци на Министерството за правда, има над 1.800 дела кои се процесуираат поради навреда на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Најголемата група може да се Курди, кои бегаат од насилствата во југоисточна Турција. Тие може да побараат азил во Германија, особено ако не влегле во друга ЕУ земја на нивниот пат.

Многу Курди во Дијарбекир се добро информирани за планираните промени.

– Сите ќе одат во Германија, вели 42-годишната Јуксел.

Еден од нејзините браќа се бори за ПКК, двајца се во затвор, а двајца загинале во судирите со армијата.

Педесет и едногодишниот Мустафа Чукуш, која ја загубил 16-годишната ќерка Розерин во судирите во Дијарбекир, вели дека ако има шанса да оди во Европа, би отишол. – Мислам дека секој на мое место би заминал, додава тој.

Според податоци на Владата, над 350.000 лица биле раселени при судирите во курдските реони во Турција.

Гарет Џенкинс, експерт за Турција во стокхолмскиот Институт за политика за безбедност и развој, смета дека до половина милион турски бегалци – главно Курди, може да аплицираат за азил.

Тие ќе имаат многу помалку шанси, ако земјите од ЕУ прифатата дека Турција е „безбедна“ земја, што дава индикации дека човековите права таму се почитуваат.

Има протвење од некои земји од ЕУ за да и се даде на Турција тој статус, но претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, ја поддржа идејата.

Џенкинс останува скептичен дека визите ќе бидат укинати.

– Сигурен сум дека има некои земји во Шенген кој попрво ќе излезат од Шенгенот, отколку да им дозволат на Турците да патуваат без визи, вели тој.

Визното прашање е клучно за турската Влада во односите со ЕУ. Ако Анкара почувтсвува дека ќе биде изиграна, целиот договор за бегалците може да пропадне.

Ердоган тогаш може да си ја оствари заканата: да ги отвори границите.

Би можело да ве интересира

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници

Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Ана Ололовска