Безбедносни експерти: Нуркачи на руски специјални сили би можеле да стојат зад нападите на гасоводите

Од:

Нуркачите на „Спецназ“ – тајна гранка на руската војска – и подводни беспилотни летала можеби биле користени за минирање на стратешки важна рута за снабдување со гас, пишува „Сан“.

Огромни меури се издигнаа на површината на морето во близина на данскиот остров Борнхолм – членка на НАТО – по извештаите за експлозии долж гасоводот во понеделникот.

Шведска потврди дека открила две подводни експлозии во близина на истекувањето, додека германските инженери за гас пријавиле „експлозивен“ пад на притисокот во гасоводот и дека цевките биле „искршени“.

Западните лидери ја обвинија Русија дека ја саботира линијата за да предизвика енергетска криза во Европа пред зимата.

И според независен одбранбен аналитичар  Москва можеби стои зад саботажата на гасоводот веднаш под носот на НАТО.

Експертот за подводна војна Х.И. Сатон рече дека руската поморска единица ГУГИ во сенка, за која се вели дека известува директно до Владимир Путин, можеби користела шпионски бродови за да го изврши нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Експлодираше гасовод во регионот на Харков