Бестрашниот Баумгартнер летал со суперсонична брзина само после 30 секунди

Од:

Австрискиот „ловец по возбуди“ Феликс Баумгартнер ја постигнал својата суперсонична брзина, при слободниот пад од стратосферата кон Земјата, само после 30 секунди од паѓањето, покажуваат официјалните податоци за овој лет, што денеска се публикувани.

„Бестрашниот Австриец“, како што го нарекуваат низ светот, откако во октомври минатата година се фрли од една капсула на височина од 38,5 километри, при овој свој рекорден скок паѓал со поголема брзина отколку што тој, или луѓето околу него веруваа дека е постигната при поставувањето на рекордот.

Според службените податоци, Баумгартнер се спуштал од стратосферските височини со брзина од 1357 километри на час, што е еднакво на суперсонична брзина од 1,25 маха. Тоа е 1,25 пати побрзо од звукот, па Австриецот е првиот човек во светот кој ја надминал звучната бариера, само со помош на своето тело.

Конечните мерења откриваат и дека тој не скокнал кон површината на Земјата од височината која првично беше соопштена, туку стотина метри пониско, но за рекордот е важно што тој и од таа позиција се наоѓал во стратосферата.

Феликс Баумгартнер го изведе овој единствен потфат облечен со специјален костим и скафандер за „летање“, откако на височина од 38,5 километри беше искачен со помош ма еден специјален гигантски балон, наполнет со хелиум. Во време на суперсоничното спуштање, неговото срце не чукало повеќе од 185 удари во минута, а дишењето му било стабилно.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата