Бесплатно возење со воз во Словачка за децата, студентите и пензионерите од ЕУ земјите

Од:

Бесплатното патување со воз во Словачка, кое за децата, студентите и пензионерите го воведува левичарската Влада на премиерот Роберт Фицо, ќе може да го користат граѓаните на сите земји на ЕУ од овие категории, јави дописникот на МИА од Прага.

Оваа привилегија, од 17 ноември ќе може да ја користат децата под 15 години, редовните студенти, пензионерите над 62 години, како и лицата кои користат инвалидска пензија или пензија за сираци. Според проценката, оваа предност ќе може да ја користи речиси половина од населението во петмилионската Словачка.

За користење на бесплатното возење, означените категории ќе треба да извадат посебна дозвола и да носат документ со кој ќе докажат дека спаѓаат во една од категориите за која се предвидени привилегиите.

Слободното патување со воз, ќе се применува на сите линии финансирани од државата, додека во повисоките категории на меѓународни линии и натаму ќе се плаќа досегашната цена.

Бесплатното возење со воз на превозниците, според Министерството за сообраќај ќе ја чини словачката држава 13 милиони евра, годишно.

Според ресорното Министерство, овие мерки ќе помогнат во привлекување на повеќе патници кои ќе ја користат железницата.

Словачката Влада, засега не планира воведување бесплатно возење и со меѓуградските автобуси.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски