Берлускони: Не правев оргии

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони негираше, на судењето во Милано, дека приредувал оргии и имал сексуални односи со малолетна проститутка.

Тој истакна дека не ја злоупотребувал положбата, ниту вршел притисок на полицијата.

Берлускони е обвинет дека платил за секс со мароканската танчерка Каримом ел-Маруг, попозната како Руби, кога имала 17 години.

Тој исто така е обвинет дека ја злоупотребил позицијата на премиер, кога на полицијата и рекол да ја ослободи проститутката, која била уапсена поради ситна кражба.

„Некогаш не сум имал интимни односи од било кој вид со неа. Сигурен бев дека има 24 години, како што и самата рече“, изјави 76-годишниот Берлускони на судењето и додаде дека на забавите кои ги приредувал во својата вила близу Милано „никогаш немало сцени од сексуална природа“.

„Бунга бунга забавите се само виц кој го раскажав и кој беше преземен од медиумите“, вели поранешниот министер.

„За забавите кои ги приредував во резиденцијата кружат многу фантазии зад кои стои намерата да се наруши мојот углед и да се влезе во мојот приватен живот. Тоа се обични вечери“, раскажа Берлускони.

За ангажирање малолетни проститутки во Италија следува максимална казна од три години, а за злоупотреба на положбата до 12.

Судењето на Берлускони започна во април 2011-та година.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он