Германската Влада смета дека оваа година во Германија околу 800 илјади лица ќе побараат азил, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер.
Претходните владини проценки беа дека таа бројка може да достигне околу 450 илјади луѓе.
Де Мезијер денеска изјави дека тоа би можело да биде најголемиот бран на азиланти во историјата на Сојузна Република Германија и додаде дека тоа ќе биде „предизвик за сите нас“.
Тој истакна дека Германија не е оптоварена со ваквиот тек на настаните и оти земјата мора да се адаптира на големиот број бегалци.
– Секој бегалец, кој ќе дојде во Германија мора да биде прифатен достоинствено и да биде безбеден, рече Де Мезијер.
Меѓу јануари и јули оваа година азил во Германија побараа 218.221 мигрант, што е зголемување од 125 отсто во однос на истиот период во 2014 година.