Берлин: ЕУ ќе ги прекине преговорите со Турција ако биде воведена смртна казна

Од:

Доколку Турција воведе смртна казна, тоа ќе доведе до прекин на преговорите за членство на земјата во ЕУ, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

– Нашата позиција по тоа прашање е јасна: земја која применува смртна казна не може да биде членка на ЕУ и тоа би значело крај на преговорите, истакна Зајберт.

Прашањето за повторно воведување на смртна казна во Турција е покренато по неуспешниот обид за воен преврат во јули оваа година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати напоменуваше дека предлог-законот за смртна казна може да биде ставен на разгледување од Парламентот, но не нагласи кога може тоа да се случи.

– Властите во Германија уште еднаш изразија загриженост во врска со мерките против новинари во Турција, изјави германскиот портпарол, коментирајќи го апсењето на главниот уредник на весникот „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу.

Тој додаде дека „слободата на медиумите за Германија претставува главен услов за секоја демократска држава“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија