Бербок: Украина е добредојдена во „европската куќа“

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека членството во Европска Унија не може да се направи за неколку месеци, но оти Украина е дел од „европската куќа“.

– Не се разбудивме сега во поинаков свет, бидејќи ЕУ отсекогаш била куќа чии врати биле отворени, истакна Бербок на заедничката прес-конференција по средбата со словенечкиот колега Анже Логар.

Таа додаде дека пристапувањето на Украина нема да значи дека ЕУ сака да ја одвои од Русија, но тоа ќе ја одрази желбата на многу Украинци нивната земја да се приклучи на ЕУ.

Бурбок, исто така, наведе дека ЕУ не е единственото тело во Европа што се залага за зачувување на мирот и безбедноста и дека другите земји можат да се приклучат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина