Бербок: Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел го прекршува меѓународното право

Од:

Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел е кршење на меѓународното право, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа го изјави ова откако израелските власти објавија во текот на викендот дека ќе го удвојат еврејското население на окупираното плато по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува Ројтерс.

Бербок додаде дека за време на нејзината посета на Турција во петок, таа јасно ќе им стави до знаење на тамошните власти дека правата на Курдите во северна Сирија мора да бидат заштитени, поради турската загриженост за поврзаноста на курдските групи во Сирија со милитантната Курдистанска работничка партија. (ПКК).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа