Бербок: Берлин ја следи ситуацијата во Полска по експлозијата во близина на границата со Украина

Од:

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, изрази жалење поради експлозијата во која загинаа две лица во слео во Полска во непосредна близина на границата со Украина, јави ДПА.

„Моите мисли се со Полска, нашиот близок сојузник и сосед“, напиша таа на Твитер доцна вечерва. „Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите полски пријатели и сојузниците во НАТО“, додаде таа.

ДПА пренесува дека НАТО и американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопштија дека работат на утврдување што се случило во селото Пржеводов, неколку десетици километри од Украина.

Владата во Варшава вечерва одржува кризен состанок и допрва треба да ја понуди својата верзија на настаните.

Според непотврдени извештаи во полските медиуми, проектил бил причина за експлозијата, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски