Бендикт XVI го посети Либан: Непочитувањето на другите вери не е верска слобода

Од:

„Сите си требаме постојано. Неопходно е да се создаде нов начин на живеење во мир за идните генерации“, изјави поглаварот на Католичката црква, папата Бенедикт XVI, кој е во официјална посета на Либан.

Папата Бенедикт пристигна во Бејрут вчера, а утринава во претседателската палата се сретнаа со претседателот Мишел Сулејман, премиерот Микати Нецип и многу политички и религиозни лидери.

По средбата, папата во градината на претседателската палата го полеа дрвото кое беше засадено во негова чест и одржа говор.

Папата истакна дека кедрот, засаден во градината на претседателската палата е симбол на убавината на оваа земја и дека тој се надева дека со растењето на ова дрво ќе расте и верата на либанскиот народ.

Муслиманите и христијаните живееле заедно во Либан со векови и ако луѓето можат да живеат заено во исто семејство, зошто не би можеле и во иста држава, рече Папата, истакнувајќи дека основен услов за верскиот мир е почитта и побара почит од политичарите, дипломатите, религиозните водачи, мажите и жените од сите култури да се почитуваат едни со други и да живеат во мир.

Претседателот Мишел Сулејман во својот говор рече дека посетата на Бенедикт Шеснаесетти на Либан во овој момент е многу важен дел историјата и дека се вложени сите напори Либан да се заштити од немирите.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Ватикан: Папата Франциск денеска ги засили физичките и работните активности

А1он

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан