Белорусија започна инспекција на армијата

Од:

Белорусија денеска објави дека спроведува инспекција на своите вооружени сили за да се обезбеди борбена готовност.

„Од 11 октомври, Државниот секретаријат на Советот за безбедност на Република Белорусија, во согласност со упатствата на претседателот, врши инспекција на вооружените сили на Белорусија“, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Министерот рече дека инспекцискиот надзор е „сеопфатен и ги опфаќа најважните прашања за проверка на подготвеноста за извршување на задачите според предвидениот рок“.

Белорускиот министер за одбрана најави претходно дека заедничкото распоредување сили со Русија долж границата меѓу Белорусија и Украина е одбранбена мерка за да се обезбеди „сигурност“.

„Задачите на Регионалната група на сили се исклучиво одбранбени. Сите активности кои во моментов се спроведуваат се насочени кон соодветен одговор на акциите во близина на нашите граници“, изјави министерот за одбрана, генерал-потполковник Виктор Хренин.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани