Белорусија: Ниту еден руски војник нема да остане во Белорусија по воените вежби

Од:

Белорусија денеска вети дека сите руски војници распоредени на нејзина територија како дел од големите воени вежби ќе ја напуштат земјата по планираниот крај на вежбата на 20 февруари.

– Ниту еден војник, ниту едно парче опрема нема да остане на територијата на Белорусија по вежбите со Русија, изјави белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи на прес-конференција.

Распоредувањето на руските сили за овие воени вежби придонесе за зајакнување на стравот на Западот за евентуална руска инвазија на Украина.

Русија вчера соопшти дека дел од руските војници ќе се вратат во базите откако воената вежба на руската и белоруската армија наречена Заедничка храброст во 2022 година, влезе во завршна фаза.

Најавата за почетокот на повлекувањето на руската армија распоредена околу Украина, претпазливо ја поздравија западните земји, но нагласија дека тоа допрва треба да се провери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани