Белгиско Обвинителство: Инцидентот во Брисел е терористички чин

Од:

Синоќешниот инцидент на главната железничка станица во Брисел, при што воена патрола застрела маж кој на себе носел појас со експлозив и планирал да се саморазнесе, претставува терористички чин, соопшти белгиското Јавно обвинителство.

Обвинителството засега не го соопшти идентитетот на осомничениот напаѓач, додавајќи само дека освен него при инцидентот нема други жртви.

Јавната телевизија на француски јазик РТБФ информира дека напаѓачот набрзо по инцидентот им подлегнал на сериозните повредите со кои се здобил, но оваа информација засега не е официјално потврдена.

Инцидентот се случи околу 21 часот, кога маж на возраст меѓу 30 и 35 години се обидел да го активира експлозивот што го носел на себе извикувајќи „Алах е голем“, при што бил застрелан од патрола на белгиската војска, чии припадници повеќе од една година патролираат по улиците на градовите во Белгија, поради високиот степен на готовност поради можни терористички напади.

Според сведоци на настанот, напаѓачот бил придружуван од две лица, кои се во бегство.

По истрелите настанала паника и патниците на станицата почнале да бегаат кон излезите и шините.

Безбедносни извори информираа дека експлозивот што го носел напаѓачот бил со слаба моќноста и не можел да предизвика големи штети или човечки жртви, поради што, според нив, станува збор за „нискобуџетен напад“.

Очевидци на настанот обвинија дека полицијата пристигнала на станицата со „големо задоцнување“, при што патниците останале заглавени во објектот, бидејќи излезните врати автоматски се блокирале.

Набрзо по инцидентот, централната железничка станица и метро станиците во главниот град на Белгија беа затворени и сите присутни на нив евакуирани, а автобуските линии пренасочени. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, полицијата ги блокира и евакуира и реоните околу плоштадот Гранд Плац, главната железничка станица, како и галеријата „Сен-Ибер“.

Белгиските пожарникари соопштија дека интервенирале откако добиле повик за експлозија со мала моќност на централната железничка станица.

Полицијата официјално соопшти дека „кризата е надмината“, а белгиските власти потврдија дека ќе го задржат сегашното трето ниво на готовност поради можни терористички напади.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски