Голем број белгиски студенти на педагошките факултети имаат сериозни „дупки во знаењето“, особено од историјата, географијата и политиката, покажува најновото истражување.
Во истражувањето учествувале околу 1.000 студенти, идни професори во средни училишта, кај кои и претходно се забележани слаби познавања од општо образование. Тие требале да решат тест кој содржел 114 прашања од општа култура.
Секој трет испитаник не знаел на гегографска карта да ги најде САД, а речиси половината признале дека не знаат каде се наоѓа Тихиот Океан.
Според резултатите од истражувањето два од тројца идни професори на успеале на фотографија да го препознаат поранешниот кинески лидер Мао Цетунг.