Белгиските разузнавачи се загрижени поради радикализацијата на малолетниците

Од:

Во Белгија расте десничарскиот и антивладиниот екстремизам, особено кај многу млади луѓе, се заклучува во извештајот на белгиската државна безбедност до кој пристап имале весниците „Ле Соар“ и „Кнак“.

Во својот последен разузнавачки извештај за 2021 и 2022 година, цивилната домашна безбедност за првпат известува за „загрижувачката радикализација на се повеќе млади луѓе“ во однос на екстремната десница.

„Графичкиот стил и содржината, објавите со омраза и отворено насилство на различни платформи на социјалните медиуми, како што е Телеграм, имаат некои сличности со глорификацијата на насилството од страна на Исламската држава пред неколку години“, се вели во извештајот цитиран од медиумите.

Се додава дека „во некои случаи тоа биле малолетници кои проповедаат омраза и насилство преку екрани, со радикални нацистички и антисемитски ставови“. Во други случаи, токму младите се закануваа дека ќе прибегнат на насилство“.

Генералниот администратор Франциска Бостин во интервју за овие два весника прецизира дека тоа важи и за младите од 14-15 години.

Би можело да ве интересира

Белгија го забрани TikTok на официјалните владини мобилни телефони

Ана Ололовска

Во Белгија конфискувани околу четири тони кокаин

Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Босанец во Белгија ја убил поранешната сопруга и двете мали деца, потоа се самоубил

Горан Наумовски

Панцери се согласи на соработка со Обвинителството на Белгија

Ана Ололовска

Минатата година во Антверпен биле запленети околу 110 тони кокаин

Ана Ололовска