Белгиските обвинители ја потврдија поврзаноста на нападите во Париз и Брисел

Од:

Белгиските обвинители денеска соопштија дека бомбашот-самоубиец, чија мета беше бриселското метро, изнајмил куќа која ја користел како засолниште за терористите од Париз и дека полицијата уште од декември трага по него. 

Денешното соопштение од кабинетот на сојузното обвинителство ја потврдува поврзаноста на нападот во Париз, на 13 ноември минатата година, и нападот во Брисел, јавува Танјуг. 
Во соопштението се вели дека белгискиот истражен судија, кој бил вклучен во истрагата за нападите во Париз, издал европска и меѓународна потерница за Халид Ел Баркау на 11 декември минатата година. 

Судијата потврдил дека Бакрауи е осомничен за изнајмување на куќа во областа Шарлоа под лажно име. 

Неколкумина бомбаши-самоубијци кои ги излеле нападите во Париз биле белгиски државјани или на некој друг начин биле поврзани со Белгија, потсетува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала