„Белгискиот Рамбо“, кој сакал да нападне џамија и да убие десетмина политичари, и натаму е во бегство

Од:

Откако исчезна кон крајот на минатиот месец, предизвикувајќи ја една од најголемите потраги по осомничен во историјата на белгиската полиција, војникот кого медиумите го нарекоа „белгискиот Рамбо“ во своите писма до сопругата идентификувал десет луѓе кои планира да ги убие.

Според локалните медиуми, 46-годишниот десетар Јирген Конингс ѝ оставил писмени пораки на својата поранешна сопруга пред да исчезне, поврзани со план за следење на високи функционери во Белгија. Конингс составил список на потенцијални цели, меѓу кои е и еден од најистакнатите белгиски експерти за Ковид-19, Марк Ван Ранст и министерката за одбрана Лудивајн Дедондер. Конингс е осомничен и за планирање напад врз џамија.

Меѓу луѓето кои се под зголемена заштита се и поранешната сопруга на Конингс и адвокатот вклучен во нивниот развод. Полицијата, наводно, обезбедила дополнително обезбедување и на високи лица во белгиската армија, одговорни за разрешувањето на Конингс поради неговите политички ставови минатата година.

Стотици офицери се вклучени во потрагата по Конингс, за кого се тврди дека има крајно десничарски ставови, а бил активен противник на кампањата за вакцинирање против Ковид-19.

Конингс беше следен од белгиската агенција за антитероризам. Откако исчезна, вооружен со тешко оружје, министерката Дедондер вети дека ќе го измени законот, со цел воениот персонал да има потежок пристап до арсеналите на оружје без повисоко ниво на безбедност.

Потрагата по Конингс сè уште трае.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала