Белгискиот принц Лоран парично казнет поради непочитување на протоколот

Од:

Белгискиот Парламент синоќа донесе одлука за 15 проценти да ги намали годишните приходи што ги добива од државата принцот Лоран.

Одлуката е донесена и покрај писмото испратено од принцот до пратениците неколку часа пред гласањето во Парламентот. Во писмото Лоран напиша дека против него се постапува со „бес“ . Тој наведува дека уште од дете го посветил животот на кралот и на државата. Исто така посочува и дека немал можност да работи како другите граѓани за да биде самостоен.

Одлуката на Парламентот е донесена на предлог на белгиската Влада поради постојано непочитување на протоколот од страна на принцот Лоран. Него еднократно ќе му бидат одземени 46.000 евра од вкупно 308.000 евра кои ги добива годишно од буџетот на Белгија.

Принцот Лоран е казнет поради што присуствувал на настан во Амбасадата на Кина во Брисел без претходно да се договори со белгиското Министерство за надворешни работи. Тој, исто така, не добил и дозвола од белгиската Влада да присуствува на настанот во Кинеската амбасада, каде се појавил во воена униформа. Според протоколот претставниците на монархијата треба да добијат согласност од извршната власт за средби со странски дипломати и јавнии личности.

Принцот Лоран е брат на белгискиот крал Филип.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски