Белгискиот премиер се придружи кон идеите за нов облик за интеграција во ЕУ

Од:

Белгискиот премиер Александер Де Кро од Берлин вчера коментираше за идеите кои се шират во ЕУ за нов концепт на интеграцијата на третите земји во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

После европратеникот од партијата на Емануел Макрон, Бернард Гета, самиот Емануел Макрон вчера, и поранешниот италијански премиер Енрико Лета, вчера на тема проширување и интеграција се огласи и белгискиот премиер Александер Де Кро.

Во говор одржан во Берлин, Де Кро рече дека политиката на проширување стана „доста токсична, употребена и злоупотребена од анти-Европејците“ наспротив целта која е обединување на континентот, смета шефот на белгиската влада.

Војната во Украина и нејзината апликација за членство го врати во прв план проширувањето на ЕУ, заглавено со децении поради отсуство на значајни реформи внатре во ЕУ.

Но, идеите што циркулираат не предвидуваат брзо полноправно членство за Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, туку нов концепт на ширење на Европа. За Макрон треба Европска политичка заедница, за Лета Европска Конфедерација, но во секој случај таа „нова Европа“ би била со повеќе брзини.

На сличен став е и Ал ександер Де Кро.

Според него ЕУ треба да и понуди на Украина приближување кон ЕУ, со учество во демократскиот систем и внатрешниот пазар, и да им се овозможи да учествуваат во некои од институциите на ЕУ. Тој додаде дека ова обединување се однесува и на Грузија, Молдавија и Западен Балкан, и дека таа интеграција претставува „геополитички императив.“

-За некои од нив крајната цел ќе биде полноправно членство, но тоа нема да се случи преку ноќ, до нас е да ги создадеме потребните услови за овие земји да бидат дел од политичка единица на демократии отворени и слободни“, изјави Де Кро.

Темата несомнено ќе се најде на масата на лидерите на ЕУ на следниот вонреден самит на 30 и 31 мај во Брисел. Меѓу земјите членки на ЕУ, источноевропските сметаат дека треба поголема и побрза интеграција на кандидатите и потенцијалните кандидати, додека постарите земји членки како Италија, Франција, Белгија и Германија, бараат алтернативни решенија за да можат кандидатите да ги постигнат стандардите на ЕУ.

Де Кро утре ќе се сретне и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Брисел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски