Белгискиот премиер: Европа ја очекуваат пет до десет тешки зими

Од:

Белгискиот премиер Александер Де Кро предупреди дека Европа ја очекуваат пет до 10 тешки зими.

„Наредните пет до 10 зими ќе биде тешко. Бројни сектори се носат тешко со високите цени на енергенсите. Внимателно го следиме тоа, но мора да бидеме транспарентни. Месеците кои доаѓаат ќе бидат тешки, зимите кои доаѓаат ќе бидат тешки“, рече Де Кро.

Претходно руската гасна компанија „Газпром“ соопшти дека испораките на рускиот гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 ќе бидат прекинати на три дена, од 31-ви август до 2-ри септември, поради редовно техничко одржување на мрежата.

Русија ја намали испораката на гас во Европа поради западните санкции воведени против неа поради војната во Украина, од една страна поради неможноста да се вратат турбините од ремонти во западните земји, а и поради санкциите врз нејзиниот финансиски сектор и одбивањето на некои земји да плаќаат во рубљи.

„Вкупно стапката на инфлацијата есенва би можело да достигне 10. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на снабдувањето со гас од Русија. Тоа го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено имајќи ја превид рекордно ниската невработеност, што би можело да го продолжи период на висока инфлација низ спиралата на растот на платите и цените“, порачаа од Bundesbank.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Белгискиот премиер за ситуацијата во Газа: Европа треба да води, а не да следи

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски