Белгискиот министер за транспорт поднесе оставка

Од:

Белгискиот министер за транспорт Жаклин Галан денеска поднесе оставка на функцијата, под притисок на острите критики од опозицијата и домашните медиуми дека пред терористоичките напади минатиот месец, ги игнорирала пропустите во безбедноста на аеродромот во Брисел.

Опозициските партии почнаа со барањата за оставка, откако беше обелоденето дека во еден доверлив материјал на ЕУ од 2015 година, на белгиската влада и на Министерството за транспорт им се забележува за „слабите безбедносни мерки“ на аеродромите во Белгија.

Министерката неколку недели ги отфрлаше критиките, но денеска, сепак, одлучи да се повлече од функцијата.

Во терористичките напади на 22 март на аеродромот Завентем и во метро станица во Брисел, што го изведоа џихадисти на групата Исламска држава, загинаа 32 лица.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски