Белгиски лекари пронајдоа нов третман за срцеви болести

Од:

Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија. Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи нова надеж за пациентите кои се премногу слаби и кревки за да претрпат хируршка интервенција, а не реагираат на медикаментозната терапија.

Трилистниот залисток е еден од четирите залистоци на срцето, а кога тој лошо функционира може да доведе до сериозни срцеви проблеми, и досега заболените се третираа само со хируршка интервенција или со лекови.

Интервенцијата е извршена на 22 август, јавува белгиската новинска агенција Белга, врз 84-годишна пациентка без отворање на тораксот, туку со катетер преку препоните до срцето.

Пациентката е дома, во добра состојба, соопштија од болницата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара