Белгиски државен секретар повика на „заобиколување“ на Конвенцијата за човекови права

Од:

Јавноста во Белгија денеска жестоко реагира на вчерашната изјава на белгискиот државен секретар за азил Тео Франкен дека „треба да се најде начин да се заобиколи членот 3 од Европската конвенција за човекови права“.

Франкен, кој доаѓа од редовите на екстремно десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) вчера по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ оцени дека Унијата треба да најде начин да ја возобнови праксата на враќање на мигрантите и бродовите кои пристигнуваат на европските надворешни граници.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, таа пракса постоеше во Европа пред да биде забранета од Европскиот Суд за човекови права во 2012 година, кој оцени дека врз основа на членот 3 од Конвенцијата за човекови права, кој забранува тортура и нехумано и понижувачко однесување, европските земји не смеат да ги враќаат бродовите со мигранти кои пристигнуваат на нејзината територија.

Франкен вчера порача дека ЕУ „треба да може да ги враќа назад бродовите и да најде начин да го заобиколиме членот 3 од Европската Конвенција за човекови права“.

Изјавата предизвика бура во белгиската јавност. Шефот на опозициската Социјалистичка партија и поранешен премиер Елио Ди Рупо порача дека Франкен „полудел“.

– Овие изјави го надминуваат здравиот разум. Државниот секретар повикува да не се почитуваат основите на демократијата, изјави Ди Рупо.

Бројни коментатори, интелектуалци и активисти утрово бараат белгискиот премиер Шарл Мишел да се изјасни околу изјавите на неговиот коалициски партнер.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски