Белгиската Влада разнишана, главниот коалициски партнер ја напушти

Од:

Главниот коалициски партнер на белгиската Влада, фламанската националистичка партија НВА, доцна синоќа одлучи да ја напушти извршната власт по денови криза околу Пактот за миграции на ОН.

– НВА го напушти Советот на министри, констатирам дека таа го напушти мнозинството, изјави синоќа премиерот Шарл Мишел по последниот министерски состанок на кој коалициските партнери се обидоа да ја спасат Владата.

Министерските места на НВА ќе им бидат трансферирани на државни секретари, иако за сега е неизвесно точно како тоа ќе се случи, дали Кралот или Парламентот ќе им ги одземе мандатите. Во секој случај, Мишел увери дека сите процедури ќе бидат во согласност со Уставот.

Вкупно со националистите заминуваат тројца министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, како и министерот за финансии, како и двајца државни секретари, од кои едниот беше задолжен токму за миграција и азил, Тео Франкен.

Владината криза изби пред неколку дена кога НВА одби Белгија да стави потпис на Пактот за миграции на ОН кој треба да биде одобрен утре во Маракеш, а на 19 декември треба да биде изгласан во Њу Јорк. Одбивањето на НВА да го поддржи овој Пакт го наведе премиерот Мишел да побара поддршка од Парламентот преку алтернативно мнозинство, без националистите. Шефот на партијата НВА, Барт де Вевер, го предупреди Премиерот дека доколку замине за Маракеш в понеделник, владата ќе падне.

По маратонски министерски совет синоќа, Мишел потврди дека утре заминува за Мароко за да го “одбрани во име на владата, зборот на Белгија“.

Следните редовни парламентарни избори се планирани во мај 2019 и за сега ниедна партија не изразила волја за предвремени избори. Политички консултации се предвидени по враќањето на Премиерот од Мароко.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски