Белгиската полиција уапси уште еден осомничен во врска со нападите во Париз

Од:

Деветти осомничен беше уапсен и против него се покренати обвиненија во Белгија во врска со нападите во Париз во ноември, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Од Обвинителството потврдија дека приведениот остварувал телефонски разговори со братучедот на наводниот организатор на париските напади Абделхамид Абауд.

Осомничениот и Хасна Ајтбулхасен разговарале неколку пати по нападите и пред упадот на полицијата во париското предградие Сен Дени, кога беа уапсени Абауд и неговата братучетка, изјави портпаролот на обвинителството Ерик ван дер Сипт.

Станува збор за Абдула С. роден 1985 со белгиско државјанство, истакна во коминике обвинителството, додавајќи оти тој бил уапсен во вторникот и обвинет за „терористички убиства и учество во дејноста на терористичка група“.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски