Белгиската полиција денеска спроведе евакуација на дел од кварт во Брисел, откако при рутинска контрола на автомобил управуван од радикализиран исламист, полициска патрола откри три боци со гас, јавија локалните медиуми.
Веднаш по откривањето на боците, полицијата го блокираше реонот околку местото на кое е запрен автомобилот. Евакуирани се жителите на околните згради, а во прекин се и линиите на јавниот транспорт низ тој дел на Брисел.
Локални медиуми јавија дека околу еден час подоцна се слушнала слаба експлозија, за која се претпосатвува дека била изведена под контрола од деминерските тимови.
Претставник на локалните власти на Брисел во изјава за државната телевизија РТБФ изјави дека лицето кое го управувало автомобилот било на полициската листа на осмничени за поврзаност со радиклани организации.
Во септември минатата година француската полиција спречи напад во близина на Богородичната црква во Париз, кој требало да биде извршен со автомобил натоварен со боци со гас.
Во Брисел се уште е во сила состојбата на зголемена готовност, што беше воведена по нападите врз аеродромот и една метро станица на 22 март 2016 година, при што загинаа 32 лица.