Белгиската полиција „лови“ терористи околу кралската резиденција во Брисел

Од:

Белгиската полиција доцна синоќа и утринава спроведе претреси на неколку населби во главниот град Брисел во потрага по терористи и нивни јатаци, поврзани со терористичките напади што се случија минатиот петок во Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, утринава специјалците од белгиското Министерство за внатрешни работи ја „чешла“ и населбата Лакен, каде се наоѓа резиденцијата на кралското семејство, но и каде живеат голем број на муслимански доселеници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Белгија, претраси биле изавршени и во реонот на центарот на Брисел, како и во населбите Лакен Јет, Моленбек-Сент Жан и во УКЛЕ. Она што зачудува е што токму во Лакен, каде престојува кралот Филип и кралското семејство, едно лице беше уапсено, но неговиот идентитет се уште не се открива.

Најголемиот дел од синоќешните и денешните претртеси во Брисел се вршат со цел за апсење на соработници и лица блиски до Билал Хадфи, кој се саморазнесе во петокот во близина на стадионот “Стад де Франс“ во париксоот предградие Сен Дени.

Тој е роден во 1995 година и живеел во Белгија, а има податоци дека претходно се борел во Сирија на страната на терористичката група Исламска држава. Хадфи беше на листата од 800 имиња на лица за кои е познато дека претстојувале во Сирија.

Сепак, утринава, белгиското обвинителство излезе со информација дека „овие претреси не се директно поврзани со нападите во Париз”, како и дека се спроведени во рамки на истрага што Белгија ја отвори околу заминувањето на „странски борци“ во Сирија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски