Белгиската полиција без успех ја заврши големата анти-терористичка операицја во Брисел

Од:

Големата анти-терористичка операција што белгиската полиција ја започна утринава во бриселската населба Моленбек – Сента Жан заврши без успех, бидејќи ниту еден од осомничените и оние по кои се трага не е уапсен.

Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, го соопштија од белгиското обвинителство, според кои главната цел на оваа операција во која беа вклучени над 200 полициски специјалци, Салех Абдеслам, за кој се претпоставува дека директно им помагал на осумтемина терористи при нападот на шест локации во Париз во петокот, кога загинаа 129 лица – не беше уапсен.

Огромен број на маскирани полицајци утринава ја затворија за сообраќај и движење во целост улицата “Рансфор”, а противпожарни возила беа сместени во близина на истата, при што припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни рбаоти на Кралството ја блокираа зградата број 47 каде од сите станари побараа да ги тргнат завесите од прозорците и да ги напуштат своите домови со кренати раце во воздух. Притоа, полцииските или по разглас постојано повикуваа Салех да им се предаде без отпор.

Белгиската национална телевизија “РТБФ”, околу пладне соопшти дека во оваа операција на белгиската полиција е уапсен Салех Абдеслам, кој е брат на Брахим Абдеслам што се саморазнесе при еден од нападите во француската престолнина, но истото потоа го демантираше белгиското обвинителство. Единствено, белгиското МВР излезе со информација дека најверојатно „мозок” на терористичката акција во Париз, зад која официјално застана т.н. Исламската држава на Сирија и Левант (ИСИЛ) бил извесен Абдулхамид Абаоуд, кој исто така потекнува од населбата Моленбек – Сента Жан.

Во исто време, поради претрес на сомнителни возила во кои е можно да има бомба, белгиската полиција ги затвори и улиците „Жозеф Втори” и „Шосе де Вавре“ во близина на институциите на Европската унија, но и на македонската амбасада и Постојана мисија при ЕУ, кои за момент беа блокирани. Сепак, по опсежни претреси со роботи-антибомбаши кои дури проверуваа и со т.н. топовски удари, сепак, на крај се покажа дека дојавата за постоење на бомба била лажна.

А, како што е познато, веднаш по терористичкиот напад во Париз во петокот вечерта, викендов белгиската полиција вршеше рација и претреси на домови во населбата Моленбек-Сент Жан, како и на други локации, по сознанието дека најмалку двајца од терористите што убија повеќе од 120 лица во Париз, поттекнувале токму од оваа бриселска населба. Претходно, по терористичкиот напад на редакцијата на весникот Шарли Ебдо во Париз на почетокот на оваа година, белгиската полиција успеа да неутрализира терористичка ќелија во градот Вервие на границата со Германија, каде беа убиени неколку терористи, а повеќемина беа уапсени, кои за неколку часа планирале да започнат напади на полицајци и полициски станици ширум Кралството.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски