Белгиската армија во иднина ќе бидат составени од четири вида вооружени сили – копнени, военовоздухопловни, военопоморски и штаб за кибернетичка одбрана.
Новите сили во областа на кибернетиката ќе обезбедуваат не само заштита на информатичките системи на војската, туку ќе бидат оспособени и за напад. Новиот штаб треба да биде оперативен до 2019 година и ќе биде во директна врска со военото и цивилното разузнавање.
Со тоа белгиските вооружени сили ќе преземат одговорност за целосна киберзаштита и на политичките претставници.