Белгиската армија ги намалува расходите

Од:

Белгиската армија ќе ги намали расходите, и во следните четири години се очекува да заштеди 1,6 милијарди евра, објавија локални медиуми.

Во следната година нема да има никакви инвестиции и вработувањата, а ќе бидат намалени со 20 отсто со што ќе се заштедат 225 милиони евра.

– Следната година нема да бидеме во состојба да ги платиме сите сметки, истакна белгискиот началник на одбрната генерал, Жерар ван Келенберхе.

Тој појасни дека идната година Белгија ќе продолжи со учеството во меѓународната коалиција против терористичката група Исламска држава, но само до јули, бидејќи за потоа нема да има доволно средства.

Белгиски војници ќе продолжат да работат во Авганистан и во некои држави од Африка, но ќе бидат прекинати мисиите во Либан и во Мали. Предвидени се заштеди и кај воената авијација и флота.

НАТО бара до 2024 година државите од Алијансата да обезбедат воен буџет од два отсто од бруто домашниот производ, а сега Белгија е на нивото од 0,66 отсто.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски