Жителите на Брисел преку Твитер нудат слободни соби и транспорт за луѓето, кои се блoкирани во градот по денешните напади на аеродромот и во метрото, при што загинаа најмалку 34 лица.
На Твитер е создаден нов налог „Brussel Lift“ преку кој се предлага практична помош, како превоз за луѓето.
Помош се нуди и преку #ikwillhelpen (Сакам да помогнам), #PorteOuverte (Отворена врата) и #OpenHouse, првпат искористени како израз на солидарност по минатогодишните напади во Париз, кога загинаа 130 луѓе.
По денешните напади во Брисел, Фејсбук ја активира опцијата „safety check“ (проверка на безбедноста), преку која корисниците можат да проверат дали нивните роднини и пријатели се безбедни.
Во знак на солидарност се употребуваат и хаштазите #JeSuisBelge (Јас сум Белгијанец) и JeSuisBruxelles (Јас сум Брисел).